Connect with us

Фудбал

ФОТО: Сон се врати на тренинзите во Тотенхем, но не можеше да ја скрие фризурата од армијата

Фудбалерот на Тотенхем, Сон Хјунг-мин, ја искористи паузата во Премиер лигата, поради пандемијата на коронавирус за да го отслужи воениот рок во Јужна Кореја.

Во Јужна Кореја, сите мажи се обврзани да отслужат воен рок, а Сон имаше среќа што траеше само три недели. Неодамна се врати во Англија и беше во карантин во траење од 14 дена.

Сон беше меѓу петте најдобри војници во неговата единица и заради тоа доби посебно одликување. Но, сега е време да се вратиме на она што му оди најдобро, а тоа е фудбалот.

Фудбалерите на Тотенхем се појавија денес во нивниот тренинг центар каде повторно тренираа по два месеци. Меѓу играчите беше и Сон, а за неговата фризура сè уште се зборува на социјалните медиуми.

Јасно е дека сите војници имаат скоро исти фризури, а кај Сон се уште може да се види тоа.