Connect with us

Фудбал

ФОТО: Среќни се тие што го сретнаа Мохамед Салах, им ги плати сите сметки!

Египетскиот репрезентативец Мохамед Салах вчера е „уловен“ на една бензиска станица во Ливерпул, а на сите кои се најдоа таму, кога и тој, им ги плати сметките за гориво. Еден од навивачите решил да го фотографира тоа и да го објави на социјалните мрежи. Салах беше многу расположен, а секако со неговиот потег изнуди насмевка и на сите сопственици на автомобилите на таа бензиска станица.