Фудбал
ФОТО: Стартниот состав на Вардар кој ќе настапи на дуелот против Ренова
Познат е составот кој што денеска во рамките од 33. коло, ќе игра против екипата на Ренова на гости во Тетово. За потсетување дека „црвено-црните“ ја бркаат четвртата победа во дуелите со „гипсарите“ сезонава, откако минатите три ги решија во своја корист. Натпреварот почнува во 16:30 часот.
На голот на Вардар ќе биде Филип Гачевски. Во одбраната на нашиот тим Тодор Тодороски, Евгениј Новак, Горан Попов и Дарко Глишиќ. Во средниот ред на нашата екипа Вања Марковиќ и Никола Глигоров како играчи за врска по средината, и по крилните позици Владица Брдаровски и Кларенс Битанг. Во нападот „тандемот“ Бесар Исени и Тигран Барсегјан.
Од клупата шанса за настап ќе чекаат: Игор Алексовски, Никола Серафимов, Јован Попзлатанов, Бојан Колевски, Матеј Цветановски, Максим Максимов и Дејан Блажевски.