Connect with us

Фудбал

ФОТО: Светот вчера го виде македонското знаме на трибините на „Камп Ноу“

Светот вчера ги виде македонското и знамето со Сонцето од Кутлеш на трибините на „Камп Ноу“ во Барселона. На стадионот на шпанскиот клуб вчера се играше доста динамичен меч дуел меѓу домаќинот и милански Интер. Следејќи ја акцијата на Николо Барела, камерата во еден момент ги покажа трибините со навивачите на Барса, каде се вееја трите македонски знамиња.

Дуелот на крајот заврши со неверојатни 3:3. Интер е повеќе од задоволен со овој резултат, бидејќи остана непоразен и сега е на само еден чекор од 1/8 финале. Тешки денови за Чави како тренер на Барселона.