Connect with us

Фудбал

ФОТО: Тим кој вреди 240 милиони, но е бесплатен, летото ќе биде жешко

Голем број на фудбалери и тоа квалитетни по завршувањето на сезоната ќе бидат слободни агенти. Некои од нив се обидоа во овој преоден рок да најдат друга средина, но не успеаја.

Угледниот портал „Трансфермаркт“ кој се занимава со трансфери и цената на фудбалерите, состави тим со најзвучните имиња, се разбира според позицијата која ја играат, а кои ќе заминат за нула евра по завршувањето на сезоната.

Се разбира дека  има тука уште фудбалери на кои им истекува договорот, но ова е нивниот избор, најдобриот на секоја позиција во 4-2-3-2.

Доколку се земат предвид нивните моментални цени, тогаш ќе добиеме тим кој на пазарот вреди 240 милиони евра, но практично е бесплатен.

Голман: Бенитез (Ница)

Одбрана: Начо (Реал Мадрид), Вертонген (Тотенхем), Муние (ПСЖ), Курзава (ПСЖ),

Среден ред: Матиќ (Ман. Јунајтед), Матуиди (Јувентус), Вилијан (Челзи), Фрејзер (Бурнмаут)

Напад: Кавани (ПСЖ), Мертенс (Наполи)