Други спортови
ФОТО: Титулите избројани, Ѓоковиќ, Надал па Федерер
Не така одамна се чинеше дека тешко некој да го стигне Роџер Федерер со бројот на освоени гренд слемови. Сепак, низ годините, Надал и Ѓоковиќ полека ја „топеа“ разликата. На официјалната интернет страница на АТП објавена е фотографија со вкупниот број на титули на Федерер, Надал и Ѓоковиќ.
Броени се гренд слемови, олимиски злата, победи во финалните турнири на сезоната, како и титулите во мастерс конкуренцијата. Според ова прв е Новак Ѓоковиќ со 58 титули, две повеќе од Рафаел Надал, додека четири повеќе од Федерер.
Со оглед на тоа дека тројцата се активни, можно е да има промени, но какви останува да видиме.