Фудбал
ФОТО: Транспарент пред клупските простории на Барса, навивачите го кажаа своето
Ваков пораз, како од Баерн Минхен (8:2) Барселона никогаш не доживеала. Јасно е дека навивачите веќе извесно време бараат оставки, поточно заминување на претседателот Жозеп Бартомеу.
Група навивачи синоќе се собраа пред стадионот на Барселона и ги навредуваа тренерот и играчите.
Дека навистина капката ја прели чашата доволно покажува транспарентот кој навивачите го оставија пред стадионот.
-Раководство и играчи, срам во 121 години историја на овој клуб, пишува на транспарентот поставен карши клупските простории на Барселона.