Фудбал
ФОТО: Тренингот на Ливерпул покажа дека Фирмињо и Мане итно треба да одат на фризер
Сержи Ауриер се соочува со парична казна откако ги прекрши правилата за карантин по трет пат затоа што реши да го посети фризерот.
Ауриер објави на Инстаграм дека посетил фризер, и сакаше да има нова фризура пред да започне со тренинзи. Сепак, работата на фризерите сè уште е забранета во Англија и играчот на Тотенхем се соочува со строга казна.
Фудбалерите во Англија претежно ги следат правилата, па дури и ако ги кршат, тие сигурно не го прават тоа јавно како Ауриер. Колку на луѓе во Англија им недостасува тоа што не работат фризерите најдобро се виде на тренинзите во Ливерпул.
Во центарот на вниманието беа Роберто Фирмино и Садио Мане, каде може да се види дека итно им е потребна посета на фризерот. Сепак, и покрај тоа, тие ги почитуваат правилата и не прават грешки како играч на Тотенхем.
