Тајмаут
ФОТО: Три години е во врска со ѕвезда на Јувентус, а сега признава дека сака и жени
Ориана Сабатини, внука на некогашната убава и славна тенисерка од осумдесетите години Габриела Сабатини не крие дека покрај Дибала, сака и девојки.
24-годишната Ориана е во врска со Дибала, а во Аргентина е позната како поп и филмска ѕвезда. На социјалните мрежи ја следат 5,5 милиони луѓе.
-Ако треба да стават етикета на себа, да, мислам дека сум бисексуалка, изјави Ориана, и на тој начин откри дека покрај мажи сака и жени.
Што се однесува до љубовта со ѕвездата на Јувентус, веќе три години се заедно и уживаат во Торино. Парот се запозна во 2017-та во Буенос Аирес на концертот на Аријана Гранде.