Connect with us

Фудбал

ФОТО: УЕФА го објави дизајнот на топката со која ќе се игра завршницата на ЕП

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) се подготвува за финишот на Еуро 2020, а денеска го претстави дизајнот на топката со која ќе се играат дуелите од полуфиналето и финалето.

Првиот натпревар од полуфиналето се игра утре на „Вембли“ и во него ќе се сретнат Италија и Шпанија. Вториот полуфинален натпревар го играат Англија и Данска во среда.

УЕФА со полна пареа ја спрема завршницата во која се очекува спектакл како што и имаше досега на тгурнирот. Денес е претставен дизајнот на топката со која ќе се играат полуфиналните натпревари и финалето.