Connect with us

Фудбал

ФОТО: Вардар ги „запали моторите“, Васоски доби засилувања во стручниот штаб

Објавено:

Вардар стартуваше со тренинзите за продолжението на сезоната.

Лидерот на табелата почитувајќи ги сите мерки и препораки, своите тренинзи ги одработува на тренинг центарот во населбата Хиподром.

Тренерот Александар Васоски доби и „засилувања“ во стручниот штаб, и тоа во имињата на поранешните фудбалери Филип Ивановски, Никола Глигоров и Филип Спасески, кои досега работеа во младинската школа на нашиот тим.

Во исчекување на одлуката за точниот датум за почеток на натпреварите, Вардарци ќе продолжат да ги одработуваат тренинзите, со цел подобро да се подготват за продолжување на сезоната која беше прекината поради коронавирусот.

 

 

Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама