Фудбал
ФОТО: Вардар, конечно го доби шампионскиот пехар
Екипата на Вардар конечно го доби пехарот за шампионската титула од минатата сезона. Попладнево пред мечот со Работнички им беше доделен пехарот за освоената 12-та титула.
Капитенот со заслужената награда!
12 х ? #champions pic.twitter.com/sC4AzflMyF
— FK Vardar (@FKVardar) August 29, 2020
Минатата сезона беше прекината поради корона вирусот, во моментите кога Вардар беше лидер, па е прогласен за шампион. Сепак и покрај освојувањето на титулата Вардар не играше во квалификациите во ЛШ бидејќи не доби лиценца од ФФМ. Причина е лошата финансиска состојба и долговите. Наместо Вардар, во квалификациите во ЛШ играше Силекс, кој е елиминиран од Карабах.