Фудбал
ФОТО: Важеше за фудбалска надеж на Македонија, беше во Реал Мадрид, а сега е на проба во бугарски тим
24-годишниот Дориан, помладиот од браќата Бабунски, синови на нашиот познат поранешен репрезентативец Бобан Бабунски, пристигна во Бугарија. Тој му се приклучува на Ботев Враца каде ќе го одигра контролниот меч со ЦСКА. Според информациите доколку задоволи на овој меч, но и ги мине лекарските прегледи, ќе потшише договор со бугарскиот тим.
Дориан Бабунски беше дел од младинската школа на Реал Мадрид. Заедно со неговиот брат Давид важеа за големи надежи на македонскиот репрезентативен фудбал. Сепак, кариерата на Дориан не се развиваше според очекувањата. Последното каде што играше е Јапонија. Има и неколку настапи за младинските селекции на Македонија.