Connect with us

Тајмаут

ФОТО+ВИДЕО: Девојката која го прекина финалето на ЛШ се појави на Светското првенство во скијање во чест на Брајант

Познатата девојка, Кинсли Волански, која го прекина финалето во Лигата на шампионите во 2019 година, на истиот начин се појави на Светското првенство во скијање во чест на Брајант.

23-годишната ги изненади гледачите и скијачите, кога се појави на стазата на Светското првенство во скијање Шладминг во Австрија.

Италијанецот Алекс Винацер штотуку го заврши својот настап и кога публиката почна да навива, тој започна да слави мислејки дека срушил рекорд.

Сепак, наскоро сфати дека навивачите не „урлаа“ за него, туку за полуголата русокоса, Волански.

Беше полугола на стазат со парола на кој пишуваше „РИП Коби“ (почивај во мир, Коби) во спомен на легендата на кошарката која почина викендов откако хеликоптерот се сруши.

Воланки излезе полу гола и за време на финалето од минатогодишното издание во Лигата на шампионите помеѓу Тотенхем и Ливерпул.