Connect with us

Кошарка

ФОТО+ВИДЕО: Каков ден за малолетникот на МЗТ Скопје, 17-годишниот Иванов ги постигна првите поени во АБА2 лигата

Посебен ден во дресот на МЗТ Скопје имаше 17-годишниот Димитар Иванов. Имено, тој попладнево против Златибор одигра нешто повеќе од две минути и за тоа време успеа да ги постигне своите први поени во АБА2 лигата. Мечот го заврши со 2 поени и еден скок, а по завршувањето следуваа и честитки од соиграчите. Секако, неговите први поени ги одбележа со видео и АБА2 лигата.

Историски ден и за нашиот 17-годишен талент, Димитар Иванов, кој ги постигна првите поени во кариерата во јадранското натпреварување…

Posted by KK MZT Skopje Aerodrom on Sunday, 28 March 2021

Инаку, МЗТ Скопје славеше на овој меч со 90:71. Најефикасен беше Крстевски со 25 поени, а следуваше Николов со 18 и Тарнер со 16. Во противничкиот табор Митровиќ постигна 20 поени.

Со оваа победа МЗТ Скопје го потврди пласманот во плејофот во АБА2 лигата.