Connect with us

Фудбал

ФОТО + ВИДЕО: Невиден скандал во Португалија

Фудбалерот на Порто, Марега одлучи во 70-тата минута да го напушти теренот поради расизам. На гостувањето кај Гимараеш тој беше навредуван на расистичка основа од домашните навивачи, па неговиот карактер не му дозволи да го продолжи мечот и покрај силните напори на играчите да го убедат да остане на теренот.

Ваквите сцени стануваат честа појава, а пред извесно време најмногу ги имаше во Италија.

Помалку битна информација е дека Порто славеше со 2:1, а токму Марега постигна еден гол.