Тајмаут
ФОТО+ВИДЕО: Незаборавната Кинси пристигна и на тениските терени: Таа повторно ги „запали“ сите!
Кинси Волански стана популарна откако упадна по костим за капање во финалето од Лигата на шампионите во кое играа Ливерпул и Тотенхем.
Со овој потег, атрактивната Американка доби огромен број следбеници на социјалните мрежи, а промоцијата се исплати многу добро.
Кинси е една од најбараните модели. Големи цифри се вртат околу неа, а по фудбалскиот, таа сега се најде и на тениски терен.
Секако, овој пат не станува збор за упад на терен, но видеото и тоа како е „жешко“. Кинси на теренот снимаше реклама за енергетски пијалок и беше облечена како тенисерка.
Вака изгледаше сето тоа.