Connect with us

Фудбал

ФОТО + ВИДЕО: Револуција во данскиот фудбал, навивачи на „трибини“ преку апликацијата Zoom

Навивачите во Данска, благодарејќи на виртуелната трибина на стадионот „Ceres Park“ на кој Архаус беше домаќин на Рандерс, во 21.коло (1:1), преку Zoom апликацијата го следеа мечот во живо без разлика на ограничувањата поради пандемијата на коронавирусот.

Три големи екрани споени на една од трибините овозможија на навивачите да дадат поддршка на својот клуб. Дури и играчите на теренот можеле да слушнат како реагираат навивачите, а спомнатиот натпревар го следеле близу 10 илјади фанови преку апликацијата.