Поврзи се со нас
Here is the banner code 300x250 for mobile:

Тајмаут

ФОТО+ВИДЕО: Солзи и бакли за Марадона го обиколија светот

Неапол е во солзи, како и цела Аргентина, целиот фудбалски свет, бидејќи Диего Марадона засекогаш замина.

Тажен ден за Буенос Аирес, за Неапол, за сите што го сакаа Ел Пибе.

Легендарниот Аргентинец, за многумина најголемиот фудбалер досега, почина, помалку од еден месец по неговиот 60-ти роденден.

Солзите на навивачите доаѓаат од Буенос Аирес, но и од Неапол, затоа што малку луѓе го сакаа како огнените Италијанци од југот.

Приврзаниците на Наполи се собраа во голем број пред стадионот „Сан Паоло“, а по улиците на градот подготвија голема факелска поворка во чест на Марадона.

Тој сигурно не беше баш пример за спортист во полн сјај, заради сите проблеми и полемиките што ги придружуваа неговиот карактер и дело.

Но, тој засекогаш ќе има посебно место во срцата на сите наполитанци поради првата италијанска титула што им ја донесе по пристигнувањето од Барселона.

Затоа овие среда има солзи и факели во подножјето на планината Везув

loading...

Facebook