Други спортови
ФОТО: Вилијамс одушеви со изгледот на новиот болид
Новата сезона во Формула 1 започнува следниот месец со трка за Големата награда на Австралија.
Екипите се подготвуваат за нови предизвици, а деновиве фокусот е на презентирање на нови болиди. Денес токму Вилијамс го претстави новиот дизајн на болид за сезоната што доаѓа.
Вилијамс тотално потфрли минатата година и беше убедливо најлошиот тим. Во новата сезона, тие се надеваат дека ќе можат да се вратат во борба со другите тимови и работеа на новиот болид со полна брзина.
Минатата сезона автомобилот беше украсен со бела и сина бој, а оваа сезона претрпе некои измени. Болидот FW43 ги задржа своите бела и сина боја, а покрај нив на болидот доминира и црвената боја.
Мора да се признае дека Вилијамс направи многу добра работа во изгледот на болидот, но сигурно дека ќе се гледаат перформансите на болидот на патеката. Дали Вилијамс ќе се опорави по ужасната сезона останува да се види.
