Фудбал
ФОТО: Во 77-ма година Вардар имал повеќе публика на тренинг, отколку денеска на натпревар
На официјалната фејсбук страница на Вардар објавена е црно-бела фотографија за која се вели дека е направена за време на еден тренинг во 1977-ма година. Тогаш беше Југославија, тогаш имаше силна лига, со Црвена Звезда, Хајдук, Партизан, Жељезничар.
Сега, толку публика Вардар нема ниту за време на првенствените натпревари.
Тоа беа некои добри времиња кои многумина посакуваат да се вратат, барем што се однесува до фудбалот.
Но, не само Вардар, воопшто на фудбалските стадиони ширум земјава за жал нема публика. Мал број натпревари во текот на годината наликуваат на дерби мечеви или првенствени пресметки каде се слушаат воздишките на навивачите за промашена шанса, или громогласно скандирање за постигнал гол.