Други спортови
ФОТО: Во Хрватска, сепак се најде некој да испише позитивен графит за Новак Ѓоковиќ
Еден од најдобрите светски тенисери Новак Ѓоковиќ е на удар на јавноста во изминатите неколку денови. Откако стана јасно дека турнирот „Адриа Тоур“ е жариште на коронавирус и дека од таму се заразија неколку тенисери, меѓу кои и Новак и неговата сопруга, а можеби и навивачи, тенисерот трпи навреди. Во Хрватска осамнаа морбидни графити, Л’Екип и Марка со карикатури на насловната, но конечно во Хрватска се најде некој да испише позитивен графит и порака.
-Долго да живееш, тоа ни е желба. Поздрав од Забок. Ти благодариме, стои на графитот.