Connect with us

Фудбал

ФОТО: Во Милано се појави момче кое може да го надмине и легендарниот Роналдо

Се чини дека Интер направи вистински потег со ангажирањето на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку. Тој игра во одлична форма по доаѓањето во Милано, иако во Манчестер може да се каже дека беше под сите очекувања.

На 26 мечеви во Серие А, Лукаку постигнал 18 голови. Тој е еден од ретките кои ја „пробил“ оваа граница во првата сезона од доаѓањето во Интер. Претходно тоа им успеало само на тројца играчи.

Прво тоа го сторил Рубен Соса, кој во сезоната 1992/93 постигнал 20 голови на 28 мечеви. Следува Луис Назарио да Лима Роналдо. Во неговата прва сезона во Интер, 1997/98 на 32 мечеви постигнал 25 голови. Последен кој тоа го сторил е Диего Милито, во сезоната 2009/2010. Аргентинецот на 35 мечеви постигнал 22 голови.

До крајот на сезоната има уште девет кола во Серие А, што значи дека уште девет можности Лукаку да го стигне легендарниот Бразилец. Во Интер секако сите се надеваат на такво нешто бидјеќи само така ќе останат во трка за титулата.