Тајмаут
ФОТО: За неа пишуваат повеќе отколку за тренерот на Алиоски, која е атрактивната навивачката на Лидс?
Сите се сеќаваат на стариот добар Лидс во составот со Марк Видука и Алан Смит, а сега по 16 години се враќаат на сцената. Марсело Биелса, популарниот „лудак“, им ја врати насмевката на лицата и доби улица во градот со своето име. Но, покрај се, медиумите повеќе пишуваат за атрактивната русокоса навивачка, отколку за тренерот.
Се вика Ема Џонс и е голема навивачка на овој клуб, но и промоторка, како и водителка на клупската телевизија.
-Никогаш не сум била фудбалски фанатик, но откако почнав да го следам Лидс станав таква. Атмосферата и страста на трибините брзо ме освоија, вели Ема.