Connect with us

Фудбал

ФОТО: Жестока провокација за Реал Мадрид од поранешна ѕвезда на Барселона

Кралскиот клуб успеа да задржи четири бодови предност во однос на Барселона и се наоѓа на чекор до освојување на титулата. Меѓутоа и овој меч на Реал Мадрид не можеше без критики на сметка на судиите и ВАР технологијата.

Имено, откако Реал поведе со 1:0 во казнениот простор на гостите Серхио Рамос го фаулираше Раул Гарсија, но судијата само одмавна со рацете. Многумина веруваа дека ќе реагираат од ВАР собата и ќе дадат знак дека имало пенал.

Поради тоа од таборот на Барселона повторно жестоко „распукаа“ по Реал мадрид. По сите ситуации и препукувања низ медиумите, се јави и поранешната ѕвезда на Барселона, Дани Алвеш.

-Еден ден не научија дека мораме да направиме многу повеќе отколку што треба за да победиме, така на крајот и беше, напиша искусниот дефанзивец.

Тој ова го мислеше за меѓусебните дуели со Реал и дека не можат да бидат рамноправни за да победат, алудирајќи дека „Кралевите“ секогаш имале помош од судиите.