Тајмаут
ФОТО: Ѕирнете во внатрешноста на луксузната јахта на Роналдо и Георгина
Шпанските медиуми тврдаат дека немаат доказ дека е во сопственост на Португалецот, односно дека ја купил, но претпоставуваат дека е негова со оглед на неговата страст кон луксузните работи. Азимут Гранде е долга 27 метри, има четири апартмани и две соби за персоналот. На јахтата има дури седум баљи и посебен апартман кој има панорамски прозорец преку кој се доживува уникатно искусвтво со погледот кон морео. Вредноста на јахтата се проценува на 5 милиони евра, што секако е „ситница“ за Роналдо кој има 30 милиони евра годишна плата. Пред неколку дена двајцата со семејството се фотографирани како уживаат на оваа јахта.