Connect with us

Фудбал

ФОТО: „Златата копачка“ не мрда никаде, потпишува договор до 2025-та

Иако пред неколку дена се појавија информации дека од следната сезона најдобриот стрелец во Серие А за 2019/2020 ќе има нов клуб, сепак се чини дека навивачите на Лацио може да здивнат.

Според италијанските медиуми, во тек се преговори за продолжување на соработката, а според истите извори Чиро Имобиле ќе потпише договор со Лацио до 31 јуни 2025-та година за 4 милиони евра годишна плата плус бонуси.

Колку за потсетување по повеќе од една деценија, Лацио сезонава конечно обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Имобиле со 36 голови беше најдобар стрелец минатата сезона во Серие А.