Тајмаут
ФОТО: Ѕвезда на Манчестер Сити го „прекршил“ карантинот и направил забава со проститутки
Фудбалерот на Манчестер Сити и репрезентацијата на Абглија Кајл Вокер ги прекршил правилата за карантин во време на пандемијата со коронавирусот и во својот стан повикал проститутки. Вокер и негов пријател поканиле две проститутки пред неколку дена, иако претходно тој на твитер ги повикал своите фанови да ги почитуваат правилата за карантин на здравствените власти.

Откако веста излезе во јавноста, Вокер се извинил, но од Манчестер Сити најавија дека ќе следува казна за нивниот фудбалер. Со овој потег Вокер веројатно го загрозил и своето место во англиската репрезентација.
