Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Ѕвездата на Баерн Минхен ужива на плажа во Хрватска

Никша Добуд, еден од најдобрите светски ватерполо центри, отвори угостителски објект во близина на Дубровник, па во морето поставил ватерполо терен. Дружењето со Мануел Ноер, голманот на Баерн Минхен, го искористи да се опуштат со играње на овој спорт.

Нојер сега одморот го поминува во Хрватска каде ужива. Двајцата ги запознал тренерот на голманите на Баерн Минхен, Тони Топаловиќ.

-Кога најави дека ќе дојде ова лето, направивме посебно ватерполо капче за него, со логото на Баерн Минхен, изјави Добуд.