Connect with us

Тајмаут

Фотографиите на Џошуа од протестот загрижија многумина: Што се случи со шампионот?

Ентони Џошуа се појави денес на протести во Велика Британија организирани поради смртта на Џорџ Флојд во САД.

Светскиот шампион во тешка категорија се појави со неколку пријатели, но сите љубители на боксот беа загрижени поради фактот што Џошува имаше патерици во рацете, а неговата ногата беше фиксирана.

Многумина изразија голема загриженост за шампионот бидејќи фотографиите воопшто не изгледаат добро. Сепак, според одредени информации, нема причина да се грижите.

Веќе неколку недели шампионот носи заштита на ногата и тоа е само мала повреда заработена на тренинзите. Фиксаторот е таму за превенција.

„Ентони почувствува болка во коленото за време на тренингот. Фиксаторот е само претпазливост и совет од лекарот. Коленото ќе биде целосно прегледано подоцна, но нема причина за загриженост”, рече неговиот портпарол.

Џошуа се очекува да се бори против Кубрат Пулев до крајот на годината во задолжителниот натпревар во кој би ги одбранил титулите, но сè уште не е познато кога ќе се одржи оваа борба.