Фудбал
Фотографија од соблекувалната на Камп Ноу која ќе биде долго време ноќна мора на фановите на Барселона (ФОТО)
Пред синоќешниот меч од Купот на Кралот, веројатно само најголемите фанови на Реал Мадрид веруваа дека нивниот тим може да ја анулира негативата од 1:0 од домашен терен која ја стекна Барселона, па на Камп Ноу да се победи и да се обезбеди финале. Сепак, Реал Мадрид не само што ја анулираше таа негатива, туку во голем стил се пласираше во финалето откако славеше со 4:0.
THAT'S IT. THAT'S THE PHOTO. pic.twitter.com/e0YuevcFSY
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) April 5, 2023
Славенички беше и во соблекувалната на Камп Ноу. Реал Мадрид направи фотографија од прославата која ја објави на своите официјални социјални мрежи. Сепак, една ваква победа и прослава на стадионот на најголемиот противник во историјата не се случува секој ден. А, од друга страна веројано за фановите на Барселона оваа фотографија ќе биде ноќна мора, барем до следната меѓусебна пресметка.