Тајмаут
Фотографијата на Џеко предизвика многу реакции, но коментарот на Иван Перишиќ надмина сè!
Един Џеко утрово објави нова фотографија на Инстаграм, со која ги насмеа неговите обожаватели.
Напаѓачот на Рома објави фотографија од култната анимирана серија „Симпсонови“, а неговото семејство беше претставено како дел од оваа серија. Оваа фотографија ги насмеа неговите обожаватели и предизвика многу коментари.
Сепак, и покрај сите коментари, се чини дека најдобар коментаер остави, Иван Перишиќ. Тој се пошегува и рече дека авторот на оваа фотографија заборавил како изгледаат листовите на нозете на Џеко.
Се разбира, јасно е дека ова беше шега на Перишиќ, бидејќи на фотографијата воопшто не се гледаат никакви листови. Хрватскиот фудбалер доби над 200 лајкови во својот коментар.
Меѓу другите познати личности, се појави и БХ. раперот Џала Брат кој на кратко напиша „Врв“. Фотографијата на Џеко доби над 50.000 лајкови.
