Фудбал
Фрајбург во 95-та минута го шокираше и елиминираше Баерн Минхен (ВИДЕО)
Баерн Минхен е елиминиран, Фрајбург ќе игра полуфинале во Купот на Германија откако славеше со 2:1.
Баерн поведе со голот на Упамекано во 19-та минута, но во 27-ма следуваше израмнување.
Иако Баерн напаѓаше и имаше посед на топка, сепак шокот стигна во 95-та минута кога Холер погоди за 2:1 и победа на Фрајбург.
На вториот меч Ајнтрахт славеше со 2:0 против Унион Берлин.