Connect with us

Фудбал

Франција и Хрватска без измени во почетните состави

Селекторите на Франција и Хрватска, Дидие Дешамп и Златко Далиќ за големото финале се одлучија за истите фудбалери со кои стартуваа во полуфиналните натпревари на Светското првенство.

Нема ниту една промена во однос на претходниот натпревар, па така кај Хрватска во главна улога повторно ќе бидат Иван Ракитиќ и Лука Модриќ, а во нападот ќе бидат Марио Манџукиќ , Анте Ребиќ и Иван Перишиќ.

Франција ја предводат Килијан Мбапе, Антоан Гризман и Оливие Жиру, како и Пол Погба.