Connect with us

Ракомет

Франција изгуби од Норвешка и испадна од Европското првенство

Веста на денот гласи: Франција испадна од Европското првенство во ракомет ! Во второто коло од групата Д, Норвешка ги совлада со 28:26 и ја угаси секоја надеж дека може да се пласира во второто коло.

После две кола, Норвешка и Португалија имаат по четири бода, додека Франција и БиХ немаат бодови и немаат шанси за минување. Повеќекратни светски, европски и олимписки шампиони, популарните Лекс експерти, на тој начин ќе играат уште понезначаен дуел против Босна и Херцеговина и ќе се вратат дома, а ќе го следат продолжување на европското првенство преку малите екрани.