Connect with us

Други спортови

Франција во финалето на „Дејвис купот“

Бранителот на титулата Франција има недостижна предност од 3:0 во победи против Шпанија и си обезбеди место во финалето на „Дејвис купот“, неофицијалното светско тимско првенство во тенис за мажи.

36-годишните ветерани Жулиен Бенето и Никола Мау победија во натпреварот во парови против Марсел Гранојерс и Фелисијано Лопез со 6:0, 6:4, 7:6 (7) на терен во салата во Лил.

Французите, кои почнаа силно и зедоа девет од првите десет гема, имаа посериозни тешкотии само во третиот сет, во кој триумфираа по тајбрејк.

Во другото полуфинале САД го намали заостатокот на 1:2 во победи на гостувањето кај Хрватска во Задар по драматичен успех на Мајк Брајан и Рајан Харисон над Иван Додиг и Мате Павиќ со 7:5, 7:6 (6), 1: 6 , 6: 7 (5), 7: 6 (5) по 4:43 часа игра.

Домаќините, шампиони на турнирот во 2005 година, се обидуваат да се пласираат во финалето по втор пат во последните три сезони.

Соединетите Американски Држави не играле за трофејот од 2007 година, кога го освоија по рекорден 32-ри пат.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com