Фудбал
Француски новинар: Меси за ПСЖ – чиста 0, тој е како духот Каспер
Новинарот на RMC Sport, Даниел Риоло го критикуваше напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси. Според него, Аргентинецот не оставил спомени како играч на тимот од Париз.
„Ако сте навивач на ПСЖ какви се вашите сеќавања за Меси? Апсолутно ништо – тркалезна нула. Што направи Лионел за клубот? Постигна неколку голови и тоа е тоа. Тој е како џинот Каспер. Збогум Меси, ти си секако еден од најдобрите во светот, но време е да се збогуваме“, изјави Риоло.
Истото мислење го искажа и поранешниот играч на ПСЖ, Жером Ротен.
Сите овие индикации укажуваат на тоа дека шансите на Меси да остане во француската престолнина се на 0.