Connect with us

Ракомет

Француските медиуми разочарани од ракометната игра: Ова е крај на една ера

Француските ракометари синоќа беа поразени од Норвешка со 28:26, со што ги загубија сите шанси да ја минат групната фаза на Европското првенство.

Французите традиционално се едни од фаворитите за освојување златен медал, но доживеаа врела шлаканица. Во првото коло неочекувано беа поразени од Португалија, додека синоќа Норвешка ги испрати дома.

Им остана уште еден дуел утре против БиХ, која исто така се збогува од следната фаза од натпреварувањето. За Франција, ова е првпат во историјата на Европските првенства да не помине во групната фаза и јасно е дека тоа беше шок за јавноста во оваа земја.

Медиумите во Франција пишуваат дека шлаканицата од Норвешка е најдобриот показател дека ерата на Триколорите завршила и дека е време за промена во тимот.

„Плави, ова е крај. Францускиот тим поразен од Норвешка е веќе елиминиран. Не е избегнато катастрофално сценарио. Ова беше прв пат да не елиминираат веќе во групата“, пишува „Л’Екипе“.

„Франција ја загуби славата! Со поразот од Норвешка во средба без воздух, соиграчите на Никола Карабатиќ веќе одат дома. Тие не ги решија проблемите на натпреварот против Португалија и ова е крај на една ера“, пишува угледниот „Ле Паризиен“ утрово.