Фудбал
Французинот ветува верност кон Баерн: Сакам да ги следам стапките на Рибери
Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Кингсли Коман изјави дека сака да ги следи стапките на неговиот сонародник Франк Рибери, останувајќи долго во баварскиот клуб. Тој одигра 141 натпревар со гигантите во Бундеслигата од пристигнувањето на позајмица од Јувентус, првично позајмен во текот на летото 2015 година.
Повреда на ногата го натера 23-годишниот да ја пропушти првата половина од минатата сезона. Коман беше најактивен оваа сезона, пропушти само четири од 21 натпревар на Баерн во сите натпреварувања. Тој го зазеде местото на Рибери, кој замина во текот на летото по 12 сезони на „Алијанц арената“.
Минатомесечните вести во медиумите сугерираат дека шампионите во Премиер лигата, Манчестер Сити биле заинтересирани за неговите услуги. Коман призна дека во иднина би размислил за преселба во друга лига, но инсистира на тоа дека нема планови во скоро време за заминување. Тој сака да ги следи стапките на Рибери, останувајќи во Баерн долго време.
„Јас сум во Баерн веќе пет години. Имам само 23, така што имам уште 10 години да играм на највисоко ниво.
Премногу е рано да се предвиди целиот мој пат во кариерата. Се разбира, можам да си замислам да останувам тука 12 години, како Франк Рибери. Дури и тогаш сè уште ќе бидам млад. Сигурен сум дека ќе останам во Баерн долго време. Градот е одличен, клубот е многу добар, ние освојуваме трофеи. Освен времето, не би менувал ништо“.