Фудбал
Французите одамна прогласија крај на шампионатот, а сега најавуваат дозвола за тренинг
Фудбалската сезона во Франција беше официјално прекината на крајот на април, пред еден месец.
Тековната состојба на табелата во Лига 1 беше препознаена како конечна, така што новата титула отиде на „Паркот на принцовите“. Поради предвременото завршување на натпреварувањето, имаше и незадоволни луѓе, како Лион, кој ја загуби Европа, за прв пат по скоро две и пол децении.
Сепак, одлуката за суспендирање, одамна е јасна и нема да се промени.
Она што е добро за француските клубови е што наскоро ќе можат да се вратат во тренинг-процесот.
Денес премиерот Едуард Филип ја извести нацијата дека ќе започне нова фаза на мерки за олеснување на 2 јуни, во која ќе бидат дозволени спортски активности и нормално тренирање (во „зелени зони“).
Официјално, забраната за одржување на професионални спортски натпревари ќе остане во сила до 21 јуни, а по тој датум, тоа најверојатно ќе биде можно. По 22 јуни, стадионите во Франција конечно ќе можат да ги отворат своите врати.
Ваквите вести се и во корист на УЕФА, со оглед дека финалето на Еврокуповите, во кои се уште учествуваат француски екипи, е планирано за август.
Секако, новите мерки и дозволи важат и за сите други професионални спортови во Франција.