Connect with us

Фудбал

Французите тврдат: Кристијано Роналдо доаѓа во ПСЖ!

Според француските медиуми менаџерот на Кристијано Роналдо, Жорхе Мендеш ќе се состане наскоро со директорот на ПСЖ Леонардо, за да разговараат околу можната преселба на Португалецот во Париз.

35-годишниот Роналдо имаше сјајна сезона на индивидуален план во Јувентус, постигна 31 гол во Серие А, освои скудето, но разочарувањето стигна во ЛШ, каде во осминафиналето се елиминирани од Лион. Откако Маурицио Сари беше отпуштен, а назначен Пирло за тренер, се погласни се шпекулациите дека Роналдо, кој има богат договор до 2022 година, ќе замине од Торино.

Со оглед на тоа дека годишната плата му е 30 милиони евра, нема да биде чудно Јувентус да се согласи на негова продажба. За преостанатите две години од договорот ќе заштеди 60 милиони евра, а ќе заработи и од евентуална продажба.