Фудбал
Френки де Јонг: Среќен сум што Меси останува, тој е најдобар на светот
Барселона, 5 септември 2020 (МИА) – Фудбалерот на Барселона, Френки де Јонг го сподели своето мислење за одлуката на соиграчот во Барселона, аргентинскиот напаѓач Лионел Меси да не го напушта тимот во овој преоден рок.
– Лично, многу сум среќен што Меси ќе остане во Барселона. Лионел е најдобриот фудбалер на светот. Фактот што тој реши да остане може само да ве задоволи. Што се однесува до мене, не контактирав никого од Барселона за ова. Целата оваа ситуација е помеѓу Меси и клубот. Јас не се мешав во ова прашање, особено што не бев во Барселона. Па гледав од страна, изјави Де Јонг.
Капитенот на Барселона, прво најави дека ќе го напушти каталонскиот клуб, за потоа да се премисли и остане на „Камп Ноу“ и за сезоната 2020/21. зс/