Фудбал
Фудбалер на Атлетико Мадрид заразен со коронавирус, но тоа не менува ништо за Ла Лига
Шпанските медиуми синоќа потврдија дека првиот случај на коронавирус е забележан на клупско тестирање во Шпанија.
Екипите на Ла Лига започнаа со тестирање за коронавирус оваа недела, а многу од нив веќе започнаа со тренинзи. Сепак, првиот случај е забележан во тимот на Атлетико Мадрид, откако беше потврдено дека е заразен Ренан Лоди.
Лоди призна дека претходно ги почуствувал симптомите на коронавирусот и дека не е шокиран што е позитивен. Но за среќа тој не беше во контакт со другите соиграчи и затоа клубот потврди дека ќе започне со тренинзи утре.
„Marca“ пишува дека овој случај не ги изненадил челниците на Ла Лига, кои верувале дека е само прашање на време пред некој да биде заразен од играчи или членови на првиот тим.
Исто така, челниците на Ла Лига очекуваат дека ќе има околу 30 играчи позитивни во првата рунда на тестирање, и тие се очигледно подготвени на се.
Но, и покрај тоа, тие рекоа дека нема да ги сменат плановите и очекувањата за Ла Лига да продолжат следниот месец. Заразените играчи ќе треба да бидат во карантини 14 дена, по што повторно ќе бидат тестирани. Се разбира, другите ќе тренираат според планираното.