Фудбал
Фудбалер од Уганда ново засилување за Работнички!
Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички доведе уште едно засилување за новата сезона во Првата лига. Нов фудбалер на „романтичарите“ е Шафик Кагиму. Тој потпиша двегодишен договор со Работнички.
Дваесет и четиригодишниот фудбалер од Уганда доаѓа од шампионот на Кенија, Гор Махиа Наироби, и игра на позицијата централен играч за врска. Тој треба да ја засили конкуренцијата во средниот ред на Работнички.
Кагиму кариерата ја почна во УРА Кампала, клуб од Уганда, од каде се пресели во првенството на Кенија. Работнички ќе биде негов прв клуб во Европа.