Фудбал
Фудбалер оди во затвор, поранешен играч на Њукасл нокаутирал старица!
Маркус Медисон (29), поранешен фудбалер на Њукасл, е осуден на 20 месеци затвор откако нападнал 60-годишна жена. Жртвата на Медисон пред судот изјавила дека и била скршена вилицата на неколку места, има раскрварени заби и непца и повеќе нема сетило за мирис.
Ја удрил со тупаница, а на раката носел прстен. Адвокатите на Медисон пред судот тврдеа дека тој бил под дејство на алкохол и не бил свесен за возраста и ранливоста на жената додека не му било кажано. Пред судот беше изнесено и дека Медисон бил жртва на неколку случаи на агресија за време на ноќните излегувања и затоа решил да се откаже од алкохолот. Тој се изјасни за виновен за нанесување тешки телесни повреди, а судот му ја намали казната од првичните 30 на 20 месеци.