Connect with us

Фудбал

Фудбалерите до 17 години ја победија Романија на втората контролна пресметка во Скопје

Младата репрезентација на Македонија до 17 години сосема заслужено успеа да оствари минимална победа над соодветната селекција на Романија во рамките на втората контролна средба одиграна помеѓу овие две селекции во Скопје. На тренинг центарот „Петар Милошевски” избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ во еден неизвесен натпревар, со многу борба и пожртвувана игра успеаа да издвојат минимална победа од 1:0, информира ФФМ.

Никола Стојковски беше стрелец на единствениот погодок на денешната средба во второто полувреме, во 65. минута.

Селектор: Вујадин Станојковиќ овој натпревар го почна во следниот состав: Амар Хаџибулиќ, Анес Мељиќи, Андреј Велков, Андреј Љубевски, Мартин Јовановиќ, Максимилијан Димитриевски, Милот Синани, Никола Манојлов, Давид Матески, Алтин Алији.