Фудбал
Фудбалерите и тренерите добиваат милиони, а еве колку им се плаќа на судиите за еден меч во најсилните лиги!
Плати на играчи, плати на тренери, тоа се работи кои се познати во светскиот фудбал. Милиони евра, големи бројки. Но, колку заработуваат судиите?
Тоа е прашањето кое доби одговор и многумина се изненадија кога ги видоа бројките. Во Шпанија плаќаат три пати повеќе отколку во Премиер лигата… Шпанска „Марка“ објави листа со заработката на судиите во најсилните лиги во светот, а на прво место е Примера, каде судиите месечно можат да заработуваат по 12.500 евра, 4.200 по натпревар, додека судиите во ВАР собата добиваат 2.100 евра. Многу повеќе отколку во Англија, која важи за најсилната лига во светот.
Еден меч во ЛШ се плаќа по 7000 евра.