Фудбал
Фудбалерите на Арсенал одбиваат намалување на платите
Фудбалерите на Арсенал не сакаат да слушнат за намалувањето на платите, јавуваат британските медиуми.
Како резултат на пандемијата на коронавирус, многу клубови се соочија со финансиски проблеми и се принудени да ги „присилат“ играчите да се откажат од дел од нивната голема плата, при што Арсенал не е исклучок.
Сепак, на „Емиратите“ наидоа на ѕид бидејќи лондонските клупски sвезди не се согласуваат со ова, иако тие би биле сведени на само 12,5 проценти од годишната заработка.
Проблемот е, наводно, дека раководителите на клубот бараат од играчите трајно да се откажат од тие пари, за кои не се подготвени, затоа што сакаат сите нивни пари да бидат исплатени кога ситуацијата ќе се смири.
Според некои информации, разговорите се однесувале и на „клаузула“ според која на играчите ќе им бидат исплатени целосни плати само доколку обезбедат учество во ЛШ.
Обично, Арсенал плаќа годишно 230 милиони фунти.