Фудбал
Фудбалерите на Барса ги чека тестирање за коронавируси по пристигнувањето во Италија
Утре изутринава се очекува Барселона да пристигне во Италија за да го одигра натпреварот од осмина финалето во Лигата на шампионите во вторник.
Според „ESPN“ повикувајќи се на неколку извори од Италија, тимот ќе мора да се соочи со тестирања по неговото пристигнување во Италија, бидејќи е забележано појава на коронавирусот во северот на земјата.
Досега се пријавени два смртни случаи, при што 80 се верува дека се заразени со вирусот.
Сè уште не се пријавени случаи на коронавирус во Неапол, но фудбалерите и персоналот на Барса сепак ќе треба да го поминат тестирања.
Италијанската федерација одложи четири натпревари во Серија А во текот на викендот, по советите на здравствените власти, иако натпреварот Бреша – Наполи се одигра во петокот во „опасен дел од земјата“.