Connect with us

Фудбал

Фудбалерите на Барселона по два месеци започнаа со групни тренинзи

Од денес, на клубовите во Шпанија им е дозволено да тренираат во помали групи, и да бидат целосно подготвени за продолжување на сезоната.

Сезоната во Шпанија треба да се продолжи на 12 или 19 јуни, а клубовите ќе имаат доволно време да се подготват за нови предизвици. На клубовите во Шпанија им е дозволено да се вратат во своите тренинг центри од 4 мај, но само да прават индивидуални тренинзи.

Сепак, минатата недела беше донесена одлука дека од денес тимовите имаат право да тренираат во групи. Челниците на Ла Лига сакаат фудбалерите да бидат подобро подготвени за продолжување на сезоната, што се очекува кон средината на следниот месец.

Фудбалерите на Барселона утринава изведоа нов тренинг, прв групен тренинг по двомесечна пауза. Медиумите во Шпанија објавија неколку фотографии од тренинзите на Барса и соопштија дека конечно, фудбалот се враќа чекор по чекор.